ЕБОР разгледува заем од 37 милиони евра за соларна централа во Битола

Скопје. 2 септември 2025 – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека размислува да одобри заем со државна гаранција од 37 милиони евра за државната компанија ЕСМ за изградба на соларната електрана „Битола 3“.

Проектот предвидува изградба на фотоволтаична централа со капацитет од 134 MWdc на местото на исцрпената јагленова јама кај Битола. Вкупната инвестиција се проценува на 87 милиони евра, од кои 50 милиони ќе бидат обезбедени преку заем со државна гаранција од германската развојна банка KfW.

Според најавите, централата ќе произведува околу 176 илјади MWh зелена енергија годишно и ќе овозможи намалување на емисијата на јаглерод диоксид за повеќе од 130 илјади тони.

РЕКЛАМА

ЕСМ, која е во целосна сопственост на државата, обезбедува најголем дел од домашното производство на електрична енергија.

Извор: EBRD.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба