E.ON вложува 57 милијарди долари во европските електромрежи

Германскиот енергетски гигант E.ON најави дека ќе инвестира 48 милијарди евра во проширување и модернизација на својата електроенергетска мрежа во периодот од 2026 до 2030 година, во обид да одговори на растечките барања за електрична енергија и засилената изградба на дата-центри низ Европа.

Како најголем оператор на енергетски мрежи на континентот, E.ON управува со околу 1,6 милиони километри електроенергетска инфраструктура. Од вкупната инвестиција, приближно 40 милијарди евра ќе бидат насочени директно во регулираните мрежни бизниси, со цел да се зголеми капацитетот, сигурноста и отпорноста на системот во услови на забрзана енергетска транзиција и раст на потрошувачката.

Новата инвестициска рамка претставува зголемување во однос на претходната програма од 43 милијарди евра за периодот 2024–2028 и ја нагласува стратегијата на компанијата да го прошири својот регулиран имотен портфолио како основа за стабилен профит. Планот, сепак, е условен од адекватни регулаторни приноси што треба да ги утврди германскиот енергетски регулатор.

РЕКЛАМА

„Енергетскиот систем станува поголем, подецентрализиран и покомплексен, а ние обезбедуваме тој да остане безбеден, достапен и отпорен за нашите клиенти“, изјави извршниот директор Леонхард Бирнбаум, посочувајќи дека растечката закана кон критичната инфраструктура и зголемените барања од дата-центрите бараат значително засилување на мрежната заштита.

Бумот на вештачката интелигенција и очекуваната експанзија на дата-центри се меѓу клучните двигатели на побарувачката за електрична енергија и инфраструктура, вклучително и мрежи и системи за складирање. Енергетските компании, меѓу кои и E.ON, беа меѓу главните добитници на растот на берзите поврзан со AI-секторот. Од почетокот на годината, акциите на компанијата пораснаа за повеќе од 16%, надминувајќи го поширокиот европски енергетски индекс и вкупниот пазар.

Сепак, по објавувањето на резултатите, акциите на E.ON на Франкфуртската берза забележаа пад од околу 2%, што трговците го припишаа на претпазливата прогноза за 2026 година. Компанијата очекува основна добивка меѓу 9,4 и 9,6 милијарди евра, нешто пониско од 9,8 милијарди евра остварени минатата година, но во линија со просечните очекувања на аналитичарите.

E.ON истовремено предложи зголемување на дивидендата за 2025 година за 4%, на 0,57 евра по акција, сигнализирајќи доверба во долгорочната стабилност на својот регулиран бизнис модел. Со оваа амбициозна инвестициска програма, германскиот енергетски лидер испраќа јасна порака дека електроенергетските мрежи, често сметани за тивка, но клучна инфраструктура ќе бидат во срцето на европската дигитална и зелена трансформација во наредната деценија.

Извор: Ројтрес

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил