Царините на Трамп ја насочуваат Азија кон американска нафта и ЛНГ

Сингапур. 17 април 2025 – Агенцијата Ројтерс известува дека азиските држави забрзано го зголемуваат увозот на американска нафта и гас, во стратешки обид да го намалат трговскиот суфицит со САД и да ги ублажат притисоците од новите царински давачки воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Овие царини, кои моментално се делумно суспендирани, предизвикаа значителни економски и пазарни раздвижувања во регионот, каде многу земји се истовремено клучни увозници на енергенси и носители на значителен трговски вишок со Вашингтон.

Како што пренесува Ројтерс, Индонезија подготвува предлог за зголемување на увозот на сурова нафта и течен нафтен гас од САД за импресивни 10 милијарди долари, во рамките на преговорите за ублажување на тарифите. Министерот за енергетика Бахлил Лахадалија нагласи пред локалните медиуми дека се препорачува проширување на квотите за американски LPG и интензивирање на набавките на сурова нафта за исполнување на оваа цел.

Од друга страна, Пакистан, за првпат, разгледува можности за увоз на сурова нафта од САД, со цел да го балансира трговскиот дефицит што предизвика зголемени американски царини, констатира Ројтерс. Според висок владин извор, планот предвидува набавка на нафта во вредност од околу 1 милијарда долари, еквивалентна на тековниот увоз на нафта и рафинирани производи.

Advertisement

Истовремено, Ројтерс пренсува дека Индија размислува за укинување на даноците за увоз на американски течен природен гас, етан и LPG, со цел да ги засили набавките и да го намали трговскиот суфицит, што е клучен проблем за администрацијата на Трамп. Најголемиот индиски увозник на LNG, GAIL India Ltd, објави тендер за аквизиција на удел во американски LNG проект, придружен со 15-годишен договор за увоз на гас.

Меѓу останатото, Тајланд објави планови за значително зголемување на увозот на американски LNG и етан во следните пет години, подвлекува Ројтерс. Покрај веќе предвидениот увоз од 1 милион тони LNG годишно, во вредност од 500 милиони долари, почнувајќи од 2026 година, земјата подготвува нов договор за дополнителен 1 милион тони LNG. Министерот за финансии на Тајланд веќњ потврдил и увоз на 400.000 тони американски етан, во вредност од 100 милиони долари, во следните четири години.

Ројтерс обелоденува дека Трамп ги повикува Јапонија, Јужна Кореја и Тајван да се приклучат на амбициозниот проект за извоз на природен гас од Аљаска, вреден 44 милијарди долари, како дел од пошироката стратегија за трговски и царински притисоци. Проектот предвидува транспорт на гас од северот на Аљаска преку цевковод долг 1.300 километри, за последователна испорака како LNG до овие земји, заобиколувајќи го Панамскиот Канал. Делегација од Аљаска неодамна ги информираше јапонските власти за проектот, при што Mitsubishi Corp изрази интерес за инвестирање по темелна анализа. Јужна Кореја планира работна посета на Аљаска, додека тајванската CPC Corp потпиша договор за набавка на LNG и инвестиции, што, според претседателот Лаи Чинг-те, ќе ја зацврсти енергетската безбедност на Тајван.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement