Ѓорѓиевски: Побрзата интеграција на регионалните пазари е клучна за конкурентен европски енергетски пазар

Директорот на ационалниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, Зоран Ѓорѓиевски, учествуваше на панел-дискусија во рамки на форумот „Electricity Market Integration Forum 2026“ (EMIF), кој се одржа во Брисел, во просториите на Европскиот Парламент.

На форумот, заедно со високи претставници на европски и регионални енергетски берзи и институции, беа разменети мислења за предизвиците и можностите поврзани со интеграцијата на пазарите на електрична енергија, особено во контекст на воведувањето на европскиот механизам за јаглеродно гранично прилагодување – CBAM.

Во своето обраќање пред европратениците, Ѓорѓиевски истакна дека зелената транзиција мора да биде праведна, постепена и економски одржлива.

РЕКЛАМА

„Побрзата интеграција на регионалните пазари е клучна за намалување на бариерите во трговијата со електрична енергија, зголемување на ликвидноста и создавање поефикасен и поконкурентен европски пазар на електрична енергија“, истакна директорот на МЕМО.

ФОТО / МЕМО

Тој нагласи дека побрзото поврзување на регионалните пазари ќе придонесе за поголема стабилност, подобра енергетска ефикасност и посилна интеграција на земјите од регионот во единствениот европски енергетски систем.

Од МЕМО посочуваат дека компанијата останува активно посветена на процесите што водат кон целосна интеграција во единствениот европски пазар на електрична енергија.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил