РКЕ: Нови цени на горивата од 12 мај 2026

Скопје, 11 мај 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,78% во однос на одлуката од 4 мај 2026 година.

Според РКЕ, намалувањето е резултат на движењата на референтните цени на светските пазари. Кај бензините е регистриран пад од 0,44%, кај дизелот намалување од 6,07%, кај екстра лесното масло пад од 6,49%, додека кај мазутот има зголемување од 0,79%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,1199%.

Од 12 мај 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 85,00 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 89,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 94,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 49,968 денари за килограм

Со новата одлука, дизелот поевтинува за 4 денари по литар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува непроменет. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 0,50 денари по литар, а екстра лесното масло се намалува за 4,50 денари по литар. Мазутот поскапува за 0,248 денари по килограм.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско, зависно од пазарните услови.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил