Сараево, 16 април 2026 – Домот на народите на Федерацијата Босна и Херцеговина ги усвои измените на Законот за Јужна гасна интерконекција, со што е отворен патот за реализација на стратешкиот енергетски проект.
За законот гласаа 61 делегат, еден беше воздржан, а тројца гласаа против. Измените ќе стапат во сила по објавувањето во Службен весник на ФБиХ.
Најзначајната промена во новото законско решение е изборот на инвеститор. Наместо домашната компанија БХ Гас, како носител на проектот сега е наведена американската компанија AAFS.
Ресорниот министер Ведран Лакиќ изјави дека компанијата покажала сериозна намера за изградба на гасоводот, додавајќи дека досега не дошло до реализација на проектот, иако тој е од суштинско значење за Федерацијата БиХ.
Следниот чекор, по усвојувањето на законот во Парламентот на ФБиХ, ќе биде потпишување меѓудржавен договор меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска. Потпишувањето е најавено за крајот на месецот во Дубровник.
Трасата на Јужната интерконекција останува непроменета, но со новите измени се предвидени дополнителни краци кон Груде, Горен Вакуф, Долен Вакуф и Чапљина, како и нов правец од Кладањ кон Тузла.
Проектот треба да овозможи снабдување со гас во Федерацијата БиХ преку Хрватска, со што ќе се зајакне енергетската сигурност и ќе се диверзифицираат изворите на снабдување.
Извор: Klix.ba
