Пленковиќ: Владата ќе ги ограничи цените на горивата и следната недела

Хрватската влада ќе продолжи со мерките за ограничување на цените на горивата и во текот на следната недела, најави премиерот Андреј Пленковиќ, посочувајќи дека растот на цената на нафтата на светските пазари директно ќе се одрази врз домашните цени.

Во текот на вчерашниот ден, на почетокот на редовната владина седница, хрватскиот премиер истакна дека цената на барел нафта е зголемена за околу 30 долари поради состојбите на Блискиот Исток, што, како што рече, бара навремена реакција од државата.

„Владата веќе ги ограничи цените и обезбеди амортизација на растот. Тоа ќе го направиме и следната недела, со цел да обезбедиме стабилно снабдување со енергенси и прифатливи цени за граѓаните“, изјави Пленковиќ.

РЕКЛАМА

Тој додаде дека приоритет е да не дојде до недостиг на струја, гориво и гас, најавувајќи дека Владата ќе продолжи со мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Премиерот информираше и дека до претседателот Зоран Милановиќ е упатен предлог за свикување седници на Советот за национална безбедност и Советот за одбрана, со цел координиран одговор на актуелните предизвици.

Извор: Hrt.hr

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил