Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27 февруари 2026 година.
Како што информираат од РКЕ, референтните цени на светските пазари во споредба со претходната пресметка бележат пораст: кај бензините за 2,97%, кај дизелот за 0,46%, кај екстра лесното масло за 0,37%, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 3,96%. Курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,10%.
Од денес, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 70,00 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 35,542 денари за килограм
Со новата одлука, бензините поскапуваат за 1,00 денар по литар, додека цените на дизелот и екстра лесното масло остануваат непроменети. Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 денари по килограм.
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, а трговците можат да ги формираат цените и пониско од утврдените.
Извор: РКЕ
