Нови цени на горивата од денес

Скопје. 24 февруари 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16 февруари 2026 година.

Според РКЕ, референтните цени на светските пазари во споредба со претходната пресметка бележат раст: кај бензините за 1,38%, кај дизелот за 2,62%, кај екстра лесното масло за 2,35%, а кај мазутот за 2,27%. Курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 0,42%.

Од денес, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 68,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 34,520 денари за килограм

Со новата одлука, бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека дизелот и екстра лесното масло се зголемуваат за 1,00 денар по литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 0,637 денари по килограм.

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, при што трговците на големо и на мало имаат можност да ги формираат цените и пониско од утврдените.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил