Божиновска: Македонските ресурси мора да создаваат поголема додадена вредност дома

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше теренска посета на рудниците и производствените капацитети на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“. Компанија која врши ископувања на еден од најпрепознатливите индустриски брендови на државата и значаен извозник на македонски мермер на глобалниот пазар.

За време на посетата, министерката изврши непосреден увид во процесот на експлоатација на мермерот од наоѓалиштето, условите за работа, механизацијата и процесите што комбинатот ги користи при ископувањата.

Раководството на комбинатот ја информираше министерката за тековните инвестиции во модернизација на механизацијата, технолошките процеси на експлоатација, безбедноста при работа и мерките за рационално искористување на природните ресурси. Посебен акцент беше ставен на одржливо користење на наоѓалиштето и зачувување на неговиот потенцијал со грижа за животната средина. 

РЕКЛАМА

На средбата се разговараше и за:

  • почитувањето на еколошките стандарди и обврските од концесиските договори,
  • безбедносните услови за вработените и технолошките унапредувања во производството,
  • придонесот на компанијата кон локалната економија и вработувањето во прилепскиот регион,
  • можностите за понатамошно зголемување на додадената вредност преку финална обработка на производите.

Министерката Божиновска истакна дека ваквите теренски посети се клучни за реален увид во функционирањето на секторот и за креирање политики базирани на фактичка состојба.

ФОТО / МЕРМС

„Природните ресурси се национален капитал и нивната експлоатација мора да значи поголема економска корист за државата и граѓаните. Наш приоритет е природните ресурси да носат долгорочна корист — преку инвестиции, нови технологии, безбедни работни услови и поголем степен на финална обработка. Рударството има силна економска улога, но неговиот развој мора да биде одговорен, транспарентен и во согласност со највисоките стандарди Нашата цел е јасна — модерно, одговорно и конкурентно рударство кое создава вредност дома, отвора работни места и обезбедува одржлив развој. Компаниите кои инвестираат во технологија, безбедност и заштита на животната средина се важен партнер во економскиот развој. “, истакна Божиновска.

Посетата е дел од пошироките активности на Министерството насочени кон засилено присуство на терен, подобра комуникација со индустријата и унапредување на надзорот и одржливото управување со минералните ресурси.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил