Албанската електроенергетска корпорација KESH потпиша договор за партнерство со Électricité de France (EDF) и French Development Agency (AFD) за изработка на стратегија за складирање енергија во Албанија.
Договорот има цел да воспостави стратешка рамка за развој на системи за складирање електрична енергија, со фокус на зголемување на флексибилноста на електроенергетската мрежа и поефикасна интеграција на обновливите извори на енергија. Со складирањето ќе се ублажуваат флуктуациите во производството, особено кај соларните и ветерните централи.
Од КЕШ информираат дека проектот ќе придонесе за поголемо учество на обновливите извори во националната мрежа, ќе ја зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и ќе ја поддржи модернизацијата на енергетската инфраструктура во земјата.
Соработката се оценува како важен чекор во процесот на енергетска транзиција и исполнување на европските интегративни цели на Албанија, преку партнерство со меѓународни институции со искуство во реализација на стратешки енергетски проекти.
Извор: Ata.gov.al
