Од полноќ повисоки цени на горивата во просек за 0,69%

Скопје. 16 февруари 2026 – Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9 февруари 2026 година. Новите цени стапуваат во сила од 17 февруари 2026 година во 00:01 часот.

Според РКЕ, референтните цени на светските пазари бележат пораст кај бензините за 2,59%, кај дизелот за 0,15% и кај екстра лесното масло за 1,24%, додека кај мазутот е евидентирано намалување од 1,53%. Воедно, курсот на денарот во однос на доларот во пресметковниот период бил понизок за 0,35%.

Од полноќ, максималните цени ќе изнесуваат:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 73,00 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 75,00 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 денари за литар
  • Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 67,00 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 33,883 денари за килограм

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар. Цените на дизелот и на екстра лесното масло остануваат непроменети, додека мазутот поскапува за 0,233 денари по килограм.

Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимално утврдени цени, а трговците на големо и мало можат да формираат и пониски цени од пропишаните.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил