Халкбанк – двигател на зелената транзиција преку стратешко финансирање на обновливите извори на енергија

Во услови кога климатските промени и енергетската безбедност стануваат клучни глобални предизвици, улогата на финансиските институции во поддршката на зелената транзиција добива сè поголемо значење. Во Македонија, Халкбанк се позиционира како пионер во банкарскиот сектор во областа на зеленото финансирање, со јасна визија за поддршка на одржливи енергетски проекти и долгорочен економски развој.

Преку систематски пристап кон финансирање на обновливите извори на енергија, Банката активно придонесува кон создавање стабилен, еколошки и конкурентен енергетски систем, усогласен со европските стандарди и националните цели за декарбонизација.

Заклучно со 31 декември 2025 година, вкупната вредност на инвестициите во проекти за обновливи извори на енергија финансирани со поддршка од Халкбанк изнесува 253,3 милиони евра. Овие инвестиции опфаќаат ветерни, хидро и соларни електрани реализирани преку проектно финансирање, што претставува еден од најсофистицираните модели за поддршка на големи инфраструктурни енергетски проекти.

РЕКЛАМА

Во истиот период, вкупната одобрена кредитна поддршка од страна на Банката достигнува 136,3 милиони евра, со што Халкбанк се наметнува како клучен финансиски партнер за инвеститорите во секторот на обновлива енергија.

Проектите поддржани од Халкбанк заклучно со 2025 година располагаат со вкупна инсталирана моќност од 279 мегавати, што претставува значаен удел во националниот енергетски капацитет од обновливи извори.

Само во текот на 2025 година, овие централи произведоа вкупно 336.273 мегават-часови електрична енергија, обезбедувајќи сигурно, чисто и одржливо снабдување за илјадници домаќинства и компании низ земјата.

Овие резултати директно придонесуваат кон намалување на зависноста од фосилни горива, зголемување на енергетската независност и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Како пионер во зеленото финансирање во македонскиот банкарски сектор, Халкбанк континуирано инвестира во развој на специјализирани финансиски производи и ESG политики, насочени кон поддршка на проекти со позитивно влијание врз животната средина и заедницата. Преку поддршка на проекти со висока додадена вредност, Банката останува посветен партнер на компаниите, институциите и локалните заедници во процесот на енергетска транзиција и создавање основа за економски раст кој е усогласен со заштитата на животната средина и благосостојбата на идните генерации.

Енергетика24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил