Унгарија и Словачка ќе ja тужат ЕУ поради забраната за увоз на руски гас

Унгарија и Словачка најавија дека ќе покренат тужби против Европската унија поради планот за забрана на увоз на руски гас, веднаш штом законот официјално стапи на сила.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на платформата X напиша дека земјата ќе ги искористи „сите правни средства“ за да ја поништи забраната, оценувајќи дека таа е „противна на националните интереси и значително ќе ги зголеми трошоците за енергија за унгарските семејства“.

Во декември, европските лидери се договорија до крајот на 2027 година да се запре целокупната куповина на гас од руски извозници, додека слична забрана за увоз на сурова нафта се очекува подоцна годинава.

РЕКЛАМА

Законот беше формално потврден во понеделник, но Унгарија и Словачка, кои се силно зависни од руски фосилни горив, гласаа против, наведувајќи дека мерката би довела до нагло покачување на цените на енергијата.

Сијарто порача дека Унгарија ќе ја поднесе тужбата веднаш по официјалното усвојување на законот, што се очекува почетокот на февруари, додека словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар, истакна дека и неговата земја ќе покрене постапка против ЕУ, без да наведе точен датум.

„Не можеме да прифатиме решенија кои не ги одразуваат реалните капацитети и специфичните околности на поединечните земји“, рече Бланар.

Извор: Politico.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба