Скопје. 26 јануари 2026 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20 јануари 2026 година.
Како што соопштува РКЕ, референтните цени на светските пазари во споредба со претходната пресметка бележат раст: кај бензините за 0,721%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло за 2,433%, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 0,569%. Курсот на денарот во однос на американскиот долар е понизок за 0,0343%.
Од 27 јануари 2026 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 72,00 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 67,50 денари за литар
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 66,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС – 33,099 денари за килограм
Со одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар по литар, а екстра лесното масло (ЕЛ-1) поскапува за 0,50 денари по литар. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 остануваат непроменети, додека мазутот М-1 НС поскапува за 0,112 денари по килограм.
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени, при што трговците на големо и на мало можат да ги формираат цените и пониско од утврдените.
Извор: РКЕ
