Турција оствари најдобри резултати во секторот на ветерната енергија во изминатите 15 години, со речиси 2.000 мегавати (MW) нови инсталации во 2025 година, изјави претседателот на Турската асоцијација за ветерна енергија (TWEA), Ибрахим Ерден.
Во изјава за агенцијата „Анадолу“, дадена на маргините на 16. Генерално собрание на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА), Ерден информираше дека инсталираниот електричен капацитет од ветерна енергија во земјата надмина 14.700 MW, додека механичкиот инсталиран капацитет надмина 15.000 MW.
Тој посочи дека 2025 година била клучна за подготовка на нови проекти и дозволи, нагласувајќи дека „со околу 2.000 MW инсталирани за една година е постигнат најсилниот резултат во последните 15 години“.
Според Ерден, 2026 година се очекува да биде година на пуштање во работа на нови ветерни електрани, вклучително и првите капацитети со интегрирано складирање енергија, како и конкретни резултати во индустријата.
Тој додаде дека иако глобално постојат предизвици поврзани со финансирањето на обновливите извори, Турција работи на зголемување на предвидливоста на инвестициите преку јасни цели и реализирани проекти. Ерден истакна дека обновливата енергија денес е прифатена како меѓународна реалност, а поставените цели до 2035 година претставуваат важна меѓуфаза кон стратегијата за 2053 година.
Извор: Aa.com.tr
