ДЕСФА објави десетгодишна прогноза за побарувачката на гас во Грција

Атина. 9 јануари 2025 – Грчкиот оператор на гасниот транспортен систем ДЕСФА (DESFA) објави десетгодишна прогноза за побарувачката на гас и очекуваните количини што ќе се транспортираат преку националната гасна мрежа и ЛНГ-терминалите.

Студијата за прогноза на побарувачката за периодот 2026–2035 е изработена врз основа на пазарно моделирање, најнови достапни податоци и информации доставени од корисниците на системот, при што се земени предвид европските и националните енергетски политики.

Од ДЕСФА посочуваат дека геополитичките и политичките одлуки поврзани со енергетската транзиција по 2022 година значително ја зголемиле неизвесноста на пазарните услови и гасните текови. Во тој контекст, студијата ги анализира домашната побарувачка на гас и потенцијалот за извоз од Грција кон Југоисточна и Централна Европа.

РЕКЛАМА

Основното сценарио покажува дека домашната побарувачка на гас ќе достигне околу 6 милијарди кубни метри во 2026 година, ќе порасне на 7,1 милијарди кубни метри до 2033 година и ќе остане стабилна до 2035 година. Потенцијалот за извоз се проценува на 1,3 до 3,8 милијарди кубни метри во 2026 година и на 1,9 до 3,5 милијарди кубни метри во 2035 година.

Побарувачката на гас за производство на електрична енергија се очекува да остане висока во целиот период, и покрај растечкиот удел на обновливите извори. Тоа главно се должи на извозот на електрична енергија и ја потврдува клучната улога на комбинираните гасни турбини (CCGT) во рамки на Националниот план за енергија и клима.

Воедно, се очекува раст на побарувачката во дистрибутивните мрежи, согласно плановите на операторите за проширување во нови региони, како и постепено закрепнување на побарувачката од потрошувачите директно приклучени на високопритисната мрежа по падот во периодот на високите цени на гасот во 2022–2023 година. Значителен раст се прогнозира и кај малите ЛНГ-капацитети и терминалите за полнење камиони.

Извор: Desfa.gr

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба