АД ЕСМ и КЕК потпишаа Меморандум за разбирање: ново стратешко партнерство за регионална енергетска стабилност

Скопје. 31 декември 2025 – На истекот на 2025 година, АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија – КЕК (Korporata Energjetike e Kosovës Sh.a.) денеска официјално потпишаа Меморандум за разбирање. Овој стратешки документ означува нова ера во соработката меѓу двете државни компании, насочена кон зголемување на енергетската независност и стабилност во регионот.

Меморандумот предвидува сеопфатна рамка за соработка која вклучува размена на знаење и искуства, со фокус на диверзификација на технологиите за производство на електрична енергија и оптимизација на ресурсите со цел максимално искористување на капацитетите на двете компании.

Со оглед на тоа што двете земји негуваат традиционално пријателски односи и имаат меѓусебно поврзани електроенергетски системи, оваа соработка доаѓа како природен чекор напред. Посебен акцент е ставен на фактот дека двете земји користат различни технологии за производство, што овозможува комплементарност на системите.

РЕКЛАМА

Оваа соработка е од клучно значење за обезбедување непречено снабдување со електрична енергија во двете земји.

АД ЕСМ е најголем домашен производител електрична енергија.

Компанијата располага со разновидно портфолио на инсталирана моќност во производните капацитети:

  • 1034 MW во термоцентрали;
  • 557,4 MW во хидроцентрали;
  • 36,8 MW ветерен парк;
  • 60 MW когенеративни гасни централи.

КЕК (Косово): КЕК е столбот на енергетскиот сектор во Косово, со дејност која опфаќа ископување на лигнит, производство на електрична енергија и снабдување. Нивната експертиза во експлоатација на јаглен е од витално значење за енергетскиот биланс на Косово и регионот.

Извор: АД ЕСМ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба