РКЕ ги зголеми цените на нафтените деривати од 30 декември 2025 година

Скопје. 29 декември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22 декември 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 30 декември 2025 година, од 00:01 часот.

Новите максимални малопродажни цени од 30 декември 2025 година се:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 70,50 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 72,50 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 65,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 64,00 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 33,649 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесно масло (ЕЛ-1) поскапуваат за 0,50 денари по литар.
  • Мазут М-1 НС поскапува за 1,042 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и поевтино.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба