Нов регионален хаб го забрзува развојот на обновливите извори на енергија во Западен Балкан и пошироко

Обновливите извори на енергија имаат клучна улога во енергетската транзиција и во борбата против климатските промени, поради што е неопходно нивно континуирано унапредување и проширување. Со цел да се обезбеди техничка поддршка за побрза имплементација на обновливите извори, Секретаријатот на Енергетската заедница воспостави нов регионален хаб – Центар за забрзување на обновливите извори на енергија.

Преку новиот Центар, поддршка за развој на проекти од обновлива енергија ќе можат да добијат сите договорни страни на Енергетската заедница, вклучувајќи ги земјите членки на ЕУ, Западен Балкан, Молдавија, Украина и Грузија.

„Новиот Центар ќе придонесе за воведување области за забрзување на обновливите извори на енергија, со што ќе се унапреди нивниот развој, при што заштитата на животната средина ќе остане во сржта на енергетската транзиција“, соопштија од Секретаријатот.

РЕКЛАМА

Посебен фокус ќе биде ставен на имплементацијата на ваквите области на деградирани локации, вклучително и поранешни рудници за јаглен. На овие подрачја, проектите за обновлива енергија ќе можат да напредуваат побрзо преку поедноставени постапки засновани на стратешко просторно планирање, со цел заштита на чувствителните екосистеми.

Од Секретаријатот нагласуваат дека зајакнувањето на јавната доверба во енергетската транзиција е клучно, особено во регионите погодени од постепеното затворање на јаглените капацитети и од пошироките структурни промени.

Во Западен Балкан, работата на Центарот ќе биде поддржана преку партнерство со Фондациите Отворено општество – Западен Балкан (OSF–WB), кое неодамна беше формализирано со потпишување Меморандум за разбирање. Соработката предвидува спроведување пилот-проекти во договорните страни, размена на експерти, јакнење на институционалните капацитети и организација на регионални работилници.

Партнерството со OSF–WB се надоврзува на тековната работа на Секретаријатот на Енергетската заедница во Украина, поддржана од Европската климатска фондација, која е насочена кон развој на прекугранични области за забрзување на обновливите извори на енергија во пет региони долж границите со Европската Унија и Молдавија, како и кон поддршка на националните напори за побрза имплементација на проекти за чиста енергија.

Извор: Energy-community.org

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба