Русија очекува Србија да ги исполни обврските кон НИС

Москва очекува Белград да ги почитува преземените обврски во врска со руско-српската нафтено-гасна компанија „Нафтна индустрија Србије“ (НИС), изјави рускиот претседател Владимир Путин за време традиционалната годишна прес-конференција оджрана вчера во Москва.

Путин потсети дека меѓу Русија и Србија постои меѓудржавен договор кој ги регулира односите поврзани со НИС и ги ограничува можните рестрикции кон компанијата. Тој нагласи дека Москва смета на тоа дека српското раководство ќе ги исполни преземените обврски, предупредувајќи дека во спротивно се доведува во прашање безбедноста на странските инвестиции.

„Доколку не функционираат ни меѓудржавните договори, се поставува прашањето како да се инвестира во економијата на една земја и какви се гаранциите за безбедност“, рече Путин.

РЕКЛАМА

Според него, ситуацијата е дополнително отежната поради санкцискиот притисок од САД, кој ја погоди и „Газпром њефт“, сопственик на НИС. Според руските проценки, рускиот енергетски гигант има инвестирано повеќе од 3 милијарди долари во српската компанија, која, како што истакна Путин, е модернизирана и претставува еден од најголемите даночни обврзници во Србија.

Путин додаде дека Русија има предлози за надминување на актуелната состојба и дека дијалогот со Белград продолжува.

Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија нема намера да ја национализира НИС. Сепак, компанијата се соочува со сериозни проблеми: рафинеријата во Панчево е запрена поради санкции и недостиг на сурова нафта, а Србија со месеци не може да обезбеди нафта за преработка, што претставува ризик за економијата на земјата.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба