РКЕ ги намали цените на бензините од 19 декември 2025 година

Скопје. 18 декември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,08% во однос на одлуката од 15 декември 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 19 декември 2025 година, од 00:01 часот.

Новите максимални малопродажни цени од 19 декември 2025 година се:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 71,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 73,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,50 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 65,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 32,635 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 2,00 денари по литар.
  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), екстра лесно масло (ЕЛ-1) и мазут М-1 НС остануваат непроменети.

РКЕ нагласува дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и поевтино.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил