Скопје.15 декември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати. Новите цени стапуваат на сила од 16 декември 2025 година, од 00:01 часот.
Новите максимални малопродажни цени од 16 декември 2025 година се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,00 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,00 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,50 денари/литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 65,50 денари/литар
- Мазут М-1 НС: 32,635 денари/килограм
Во однос на претходните цени:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 2,00 денари по литар.
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 2,00 денари по литар.
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1) поевтинува за 1,00 денари по литар.
- Мазут М-1 НС поевтинува за 1,337 денари по килограм.
РКЕ нагласува дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и поевтино.
Извор: РКЕ
