РКЕ: Дизелот и екстра лесното масло поевтинуваат од полноќ

Скопје. 1 декември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 1,10% во однос на одлуката од 27 ноември 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 2 декември 2025 година, од 00:01 часот.

Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување од 1,220%, дизелот од 3,302%, екстра лесното масло од 2,323%, а мазутот од 4,403%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,0096%.

Новите максимални малопродажни цени од 2 декември 2025 година се:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 денари/литар (без промена)
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 денари/литар (без промена)
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 69,50 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 66,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 33,963 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1,00 денари по литар.
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1) поевтинува за 1,00 денари по литар.
  • Мазут М-1 НС поевтинува за 0,902 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и поевтино.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба