Србија: Започна пробната работа на ветерниот парк „Костолац“

Електростопанство на Србија (ЕПС) соопшти дека е завршена изградбата на ветерниот парк „Костолац“, првиот ваков капацитет во рамки на компанијата, и дека објектот е пуштен во пробна работа.

По добивањето решение за приклучување на преносниот систем, во трафостаницата и четирите струјни круга е пуштен напон, по што се активираше и првиот ветерогенератор, кој веќе произведе и првите мегават-часови електрична енергија.

„Ова е историски момент за ЕПС. По енергијата од вода, јаглен и сонце, во мрежата ја добиваме и првата енергија од нашиот ветерен парк во Костолац. Станува збор за 66 мегавати нов капацитет, значаен чекор кон зголемување на уделот на обновливите извори и одржлив енергетски развој на српската енергетика“, изјави генералниот директор на ЕПС, Душан Живковиќ.

РЕКЛАМА

Тој додаде дека ветерниот парк е изграден на поранешна рударска депонија, која добива нова, одржлива намена, и нагласи дека проектот претставувал важна можност за стекнување нови инженерски знаења во компанијата.

Во тек е енергизирањето на останатите турбини на локациите Дрмно, Петка, Ќириковац и Кленовник. Годишното производство се проценува на 187 милиони киловат-часови, доволни за снабдување околу 30.000 домаќинства со зелена електрична енергија.

Проектот е финансиран со кредит од германската развојна банка KfW во износ од 110 милиони евра. Европската унија обезбеди 30 милиони евра преку Инвестицискиот рамковен механизам за Западен Балкан (WBIF), а дел од средствата вложи и ЕПС.

Извор: EPS.rs

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба