Ројтерс: Chevron влегува во трката за купување дел од странските активи на Лукоил

Њујорк/Лондон. 17 ноември 2025 – Американската нафтена компанија Chevron разгледува можност да преземе дел од меѓународните активи на санкционираниот руски гигант Лукоил, дознава „Ројтерс“ од пет извори упатени во процесот. Исти извори наведуваат дека интересот на Шеврон се однесува исклучиво на проекти каде што двете компании веќе се преклопуваат, наместо на целокупното портфолио на Лукоил, проценето на повеќе од 20 милијарди долари.

Одлуката уследи по одобрението што минатата недела го даде американското Министерство за финансии, со кое потенцијалните купувачи добија зелено светло да разговараат со Лукоил за продажба на неговите странски актива. Со тоа, Chevron би се приклучил на приватниот инвестициски гигант Carlyle и други заинтересирани компании во трката за делови од меѓународното портфолио на рускиот производител.

Според изворите, Chevron засега не коментира за потенцијалните комерцијални договори и само потсетува дека „компанијата работи во согласност со сите релевантни закони и регулативи“.

РЕКЛАМА

Каде се преклопуваат интересите на Чеврон и Лукоил

Две стратешки региони се во фокусот: Казахстан и Нигерија.

  • Во Казахстан, Лукоил поседува 13,5% од мегаполето Карачаганак и 5% од проектот Тенгиз — проекти во кои акционери се и Chevron , ExxonMobil, ENI и Shell. Овие полиња се главниот извор на сурова нафта за нафтоводот Касписки цевководен конзорциум (CPC), што транспортира повеќе од 1,6 милиони барели дневно до глобалните пазари.
  • Во Нигерија, пак, Лукоил има удел во офшор-лиценцата OML-140, чиј оператор е токму Chevron — што, според аналитичарите, го прави проектот логичен кандидат за потенцијална аквизиција.

Широка мрежа на меѓународни активi

Покрај тоа, Лукоил поседува три рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во Узбекистан, Ирак, Мексико, Гана, Египет и низа други пазари. Во сопственост има и стотици малопродажни бензински станици ширум светот, вклучително и во САД. Финската компанија Тебојл, целосно во сопственост на Лукоил, потврди дека очекува промена на сопственоста како дел од процесот на продажба на странските актива.

Во Ирак, Лукоил го води проектот „Западен Курна 2“, додека владата во Багдад разгледува можност да побара шестмесечно изземање од санкциите за да му даде време на рускиот производител да го продаде својот удел. Ирачките власти веќе ја отфрлија опцијата државата да ја преземе контролата врз проектот.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба