Скопје. 17 ноември 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,23% во однос на одлуката од 11 ноември 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 18 ноември 2025 година, од 00:01 часот.
Промените се резултат на движењата на светскиот пазар, каде бензините бележат зголемување од 3,628%, дизелот од 1,766%, додека екстра лесното масло има минимално намалување од 0,022%, а мазутот од 2,563%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,5545%.Новите максимални малопродажни цени од 18 ноември 2025 година се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,50 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,50 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 72,50 денари/литар
- Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 69,50 денари/литар (без промена)
- Мазут М-1 НС: 35,621 денари/килограм
Во однос на претходните цени:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 1,00 денари по литар.
- ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 0,50 денари по литар.
- Мазут М-1 НС поевтинува за 0,806 денари по килограм.
РКЕ нагласува дека овие се максимални цени, а трговците можат да продаваат и поевтино.
Извор: РКЕ
