Мерц и коалицијата со нов компромис: помалку гас, повеќе водород во енергетските планови

Германија значително ги скрати своите амбиции за развој на нови гасни електрани, сведувајќи го планираниот капацитет на 10 гигавати, што е околу половина од првичната цел поставена на почетокот од годината. Одлуката, постигната минатиот четврток, претставува компромис меѓу заложбите за забрзана енергетска трансформација и стравувањата дека индустријата може да се соочи со недостиг од стабилни и евтини енергетски извори.

Според договореното, канцеларот Фридрих Мерц и неговите коалициски партнери од Социјалдемократската партија се одлучиле за пристап „на две шини“, односно постепено намалување на зависноста од фосилните горива, но со задржување на доволни резервни капацитети кои ќе ја поддржат променливата производство од обновливи извори.

„Наддавањата ќе бараат новите централи технички да бидат подготвени за работа на водород,“ нагласи Мерц, додавајќи дека ЕУ веќе сигнализирала подготвеност да ги прифати новите планови. Можноста за подоцнежна конверзија се смета за клучна за смирување на критичарите, кои предупредуваат дека гасната инфраструктура може да ја закочи борбата против климатските промени.

РЕКЛАМА

Пакетот мерки предвидува и дополнителни два гигавати капацитет од „технолошки неутрални“ решенија, што отвора простор за алтернативи како батериски складишта. Иако субвенциите ќе достигнат милијарди евра, владата инсистира дека тие се нужни бидејќи ваквите капацитети кои се користат само повремено, не се комерцијално привлечни за енергетските компании.

Наддавања за осум гигавати ќе бидат распишани следната година, со цел новите постројки да бидат функционални до 2031 година. Условот е до 2045 да постигнат јаглеродно-неутрално работење, преку премин на водород, или преку зафаќање и складирање на емисиите.

Дополнителни два гигавати ќе се доделат преку наддавања во 2026 и 2027 година, при што овие централи прво ќе работат на гас, но брзо ќе мора да преминат на водород. Нов технологиски неутрален тендер е планиран и за 2029 година.

Со оваа одлука, германската влада се обидува да го трасира патот кон поодржлива енергетска иднина, без да ја стави под ризик конкурентноста на индустријата, клучен столб на најголемата европска економија.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба