Очекувана рекордна година за ветерните електрани во светот

Бон. 13 ноември 2025 – Во првата половина од 2025 година во светот се инсталирани дополнителни 72,2 гигавати (GW) ветерен капацитет – зголемување од 64% во споредба со истиот период од минатата година. Најголем придонес има Кина, со нови 51,4 GW ветерни централи.

Според анализите на Светската асоцијација за ветерна енергија, до крајот на годината се очекува рекорден раст од 150 GW, со што вкупниот глобален капацитет на ветерните електрани ќе достигне 1,32 теравати (TW).

Експертите делумно го објаснуваат овој раст со одложените големи проекти од минатата година, кои се реализираа во првата половина од 2025 година, како и со загриженоста на инвеститорите дека поволните услови за развој на ветерни проекти во некои земји може наскоро да се променат.

РЕКЛАМА

До крајот на годината, ветерната енергија се очекува да достигне 12% од глобалното производство на електрична енергија.

Кина убедливо води

Кина го зацврсти водството во секторот, пуштајќи во употреба 51,4 GW ветерни електрани во првите шест месеци, односно двојно повеќе од резултатите во 2024 (25,8 GW) и 2023 (23,8 GW). Вкупниот кинески капацитет сега изнесува 600 GW, што претставува речиси половина од глобалниот капацитет.

Останатите водечки земји имаат далеку помал удел во растот: Индија со 3,5 GW, САД со 2,1 GW, Германија со 1,9 GW, Франција со 1,7 GW и Бразил со 1,3 GW нови ветерни постројки.

Европа каска со офшор ветерните капацитети

Според податоците на Wind Europe, континентот значително заостанува во изградбата на офшор ветерни централи. Иако целта на Европската унија е до крајот на деценијата да достигне 120 GW офшор капацитет, моментално се инсталирани само 37 GW.

Дури и според најоптимистичките прогнози, до 2030 година ќе се додадат уште 33 GW, што е значително под првичните планови. Поради тоа, организацијата бара нов европски договор за користење на офшор ветерната енергија, со поконкретни обврски на земјите-членки и создавање поповолна финансиска рамка за инвестиции.

Извор: Wwindea.org

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба