РКЕ: Нови цени на нафтените деривати

Скопје. 13 октомври 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,83% во однос на одлуката од 6 октомври 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 14 октомври 2025 година, од 00:01 часот.

Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување од 3,358%, дизелот од 2,566%, екстра лесното масло од 2,450%, а мазутот од 0,645%. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,5110% во споредба со претходната пресметка.

Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 14 октомври 2025 година се:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 73,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 75,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 36,661 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денари по литар.
  • Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесно масло (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар.
  • Цената на мазут М-1 НС се зголемува за 0,001 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба