РКЕ ги намали цените на нафтените деривати од 7 октомври 2025 година

Скопје. 6 октомври 2025 – Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 2% во однос на одлуката од 29 септември 2025 година. Новите цени стапуваат на сила од 7 октомври 2025 година, од 00:01 часот.

Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, каде бензините бележат намалување од 4,509%, дизелот од 3,632%, екстра лесното масло од 3,791%, а мазутот од 3,998%. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,3395% во споредба со претходната пресметка.

Новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати од 7 октомври 2025 година се:

РЕКЛАМА

  • ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,00 денари/литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,00 денари/литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,50 денари/литар
  • Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 68,00 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 36,660 денари/килограм

Во однос на претходните цени:

  • Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и екстра лесно масло (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари по литар.
  • Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари по литар.
  • Цената на мазут М-1 НС се намалува за 0,931 денари по килограм.

РКЕ нагласува дека овие цени се максимални, а трговците на големо и мало можат да понудат пониски цени за одделни нафтени деривати и горива за транспорт.

Извор: РКЕ

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба