Варшава. 6 октомври 2025 – Полска и НАТО склучија договор вреден 4,7 милијарди евра за проширување и поврзување на националната енергетска инфраструктура со цевководната мрежа на Алијансата. Прелиминарниот договор, потпишан на 3 октомври во Варшава, предвидува изградба на нови складишта и интеграција на полскиот систем за снабдување со гориво за потребите на НАТО.
Документот го потпишаа претседателот на државната компанија PERN, Даниел Швиетоховски, и полковникот Анджеј Срoка од Единицата за инфраструктурни инвестиции на НАТО, во присуство на претставници од Владата и Министерството за одбрана.

Според Владата, проектот ќе ја зајакне енергетската безбедност на Полска, ќе обезбеди сигурни резерви во случај на воени дејствија и ќе ја зголеми отпорноста на земјата на прекини во снабдувањето.
Единицата за инфраструктурни инвестиции на НАТО го координира развојот на клучни објекти на Алијансата во Полска, меѓу кои цевководи и складишта за гориво.
Извор: CEEnergynews.com