Унгарија склучи рекорден договор со „Енџи“ за набавка на LNG

Будимпешта. 4 октомври 2025 – Унгарија склучи најголем договор досега за набавка на течен природен гас (LNG) со француската компанија „Енџи“ (Engie), со цел да го прошири снабдувањето и да ја намали зависноста од Русија.

Според договорот, државната компанија МВМ CEEnergy ќе набавува 400 милиони кубни метри гас годишно во периодот од 2028 до 2038 година. Ова количество ќе обезбеди околу 5% од годишната потрошувачка на земјата, која изнесува приближно 8 милијарди кубни метри.

Овој договор следи по спогодбата со „Шел“ од минатиот месец за испорака на 200 милиони кубни метри гас годишно од 2026 година, што претставува дополнителни 2,5% од унгарската побарувачка.

РЕКЛАМА

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто истакна дека ова е најдолгорочниот договор за течен природен гас во историјата на Унгарија и дека тој претставува „столб на енергетската безбедност на земјата“.

„Диверзификацијата за нас не значи заменување на постојните, добро функционирачки снабдувачи со нови. Не прифаќаме притисоци или уцени и нема да плаќаме „премија за војна“ нагласи Сијарто.

И покрај новите договори, Унгарија и понатаму останува голем купувач на руски гас. Земјата има 15-годишен договор со Гаспром за 4,5 милијарди кубни метри годишно, а минатата година увезе 7,5 милијарди кубни метри преку гасоводот „Турски тек“.

„Енџи“ не откри од кои извори ќе потекнува гасот, бидејќи европските купувачи обично обезбедуваат LNG од повеќе производители – од САД, Блискиот Исток, Африка, Австралија, а делумно и од Русија.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба