Романија: Ризик од прекини во струјата поради затворање на термоцентралите на јаглен

Букурешт. 22 септември 2025 – Романија би можела да се соочи со сериозна енергетска криза и дури со масовни прекини во снабдувањето со струја доколку предвреме се затворат термоцентралите на јаглен, предупреди министерот за енергетика Богдан Иван во интервју за Digi24.

До крајот на 2025 година земјата е обврзана да ги затвори сите капацитети на јаглен, согласно договорот со Европската комисија и добиените околу 2 милијарди евра преку Планот за опоравување и отпорност (ПНРР). Планот предвидуваше замена на термоцентралите со гасни централи, но проектите во Јернут и Минтија сè уште не се завршени и постојат само на хартија.

Министерот Иван објасни дека независна студија на Transelectrica покажала четири сценарија, од кои едното предвидува „реален ризик од целосен блекаут“ доколку се затворат капацитетите на Комплексот Олтенија.

РЕКЛАМА

„Многу јасно покажавме дека Романија може да западне во енергетска сиромаштија или блекаут, особено во зима кога нема доволно сончева и ветерна енергија,“ рече министерот.

Владата веќе поднела барање до Европската комисија за пролонгирање на рокот. Целта е во функција да останат три поголеми термо блока, а уште два да бидат во резерва, сè додека не завршат гасните централи во Јернут и Минтија.

Извор: Mediafax.ro

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба