Хаг. 17 септември 2025 – Холандските домаќинства плаќаат значително поскапо за гас отколку соседните земји, покажува анализа на порталот Energievergelijk.nl заснована врз податоци од Household Energy Price Index (HEPI) за август 2025 година.
Просечната годишна сметка за гас во Холандија, пресметана на потрошувачка од 1.020 м³, изнесува 1.801 евро – речиси 750 евра повеќе отколку во Германија и околу 450 евра повеќе од Белгија.
Според индексот, Холандија има втора највисока цена на гас во Европа, веднаш по Шведска, каде пазарот е мал и изолиран, а фиксните трошоци за мрежата ја зголемуваат цената по потрошувач. Но, со оглед дека Холандија е голем и развиен гасен пазар, практично може да се смета дека таму гасот е најскап во Европа.
Главната причина за високите сметки се енергетските даноци и ДДВ-то. Во септември, од секој кубен метар гас, околу 80 евроценти отпаѓаат на даноци. Тоа значи дека од просечната цена од 1,274 евра по м³, дури две третини се даноци.
Истражувањата покажуваат дека високите давачки најмногу ги погодуваат семејствата кои живеат во слабо изолирани домови.
Извор: Energievergelijk.nl