Хрватска: Владата најави постепено укинување на субвенциите за енергенси

Загреб. 17 септември 2025 – Од 1 ноември годинава, хрватските граѓани ќе плаќаат поскапа струја и греење, најави премиерот Андреј Пленковиќ на вчера одржаната седница на Владата на Хрватска.

„Со деветтиот пакет мерки вреден 175 милиони евра продолжуваме да го штитиме животниот стандард и конкурентноста на економијата. Поддршката е насочена кон најранливите категории, но започнуваме и постепено враќање на нормални пазарни цени“, изјави Пленковиќ.

Според Владата, досегашното замрзнување на цените ја намалило просечната сметка за струја од 50 на 40,65 евра, што е годишна заштеда од 112 евра по домаќинство. Од 1 ноември 2025 година сметките ќе пораснат за 7,4% на просечни 43,65 евра, а од 1 јануари 2026 – на 45,61 евра, што е уште едно зголемување од 4,8%. И покрај поскапувањето, цените и натаму ќе бидат околу 9% пониски од пазарните.

РЕКЛАМА

Кај греењето, просечната месечна сметка од 37,75 евра ќе порасне на 41,53 евра од октомври 2025, додека кај гасот сегашните 42 евра ќе се зголемат на 46 евра. И во двата случаи, цените ќе останат под пазарното ниво.

Од 1 ноември ќе има промени и за микро, мали и средни претпријатија. Сепак, сите фирми со потрошувачка до 250.000 киловат-часови на шест месеци и понатаму ќе користат повластена тарифа.

Пример: малите бизниси со годишна потрошувачка од 15.000 kWh кои досега плаќале 2.740 евра, ќе плаќаат околу 29 евра повеќе месечно, односно 348 евра повеќе годишно.

Вредноста на мерките за поддршка само за електричната енергија Владата ја проценува на 28,5 милиони евра.

Извор: Vlada.hr

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба