САД на чекор до доминација на гасниот пазар во Грција

Атина. 12 август 2025 – Увозот на американски течен природен гас (LNG) во Грција бележи пораст од над 70% на годишно ниво и е пред израмнување со пазарното учество на рускиот гас.

Од јануари до почетокот на август годинава, на терминалите во Ревитуса и Александрополис пристигнале 19,3 TWh LNG, од кои повеќе од 80% се од САД, покажуваат податоците на операторот на гасната мрежа ДЕСФА. Во истиот период, преку цевковод – главно руски гас од граничниот премин Сидирокастро со Бугарија се увезени 20,8 TWh.

Минатата година во овој период, LNG имал 30% пазарно учество, а рускиот гас 50%. Сега, односот е 41% LNG и 44% руски гас, додека остатокот доаѓа од азербејџанскиот гас преку гасоводот ТАП. Во јули 2024 година, рускиот гас покривал 60% од побарувачката во Грција, но сликата денес е изменета.

РЕКЛАМА

Во јули, на терминалот Ревитуса пристигнале шест американски LNG-танкери, во август се очекуваат седум, а во септември уште шест, што ќе донесе вкупно 19 бродови за три месеци.

Зголемените количини се резултат на повисоката домашна потрошувачка на електрична енергија (+19,4% во јули) и на извозот кон Југоисточна Европа. Дополнителен раст се очекува со повторното пуштање во работа на пловечкиот терминал (FSRU) во Александрополис, кој по седуммесечна пауза до октомври ќе работи со 25% од капацитетот, односно 45,4 GWh дневно.

Промената на пазарот се совпаѓа со интензивирањето на активностите во Вертикалниот коридор за природен гас, кој ја позиционира Грција како важен транзитен центар за неруски гас кон Украина.

Извор: EnergyPress.eu

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads