На 20-годишнината од Енергетската заедница, Божиновска со порака– пазарна интеграција за поодржлива иднина

Атина.17 јули 2025 – Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, кој се одржа во Атина, Грција. Настанот, организиран по повод 20-годишнината од основањето на Енергетската заедница, ги собра министрите од земјите-членки за да дискутираат за клучните чекори кон целосна интеграција на електроенергетските пазари меѓу Европската Унија и Договорните страни.

Во своето обраќање, министерката Божиновска ја истакна посветеноста на Република Македонија кон заедничката визија за поинтегрирана, почиста и побезбедна енергетска иднина. Во фокусот на дискусиите беше забрзувањето на пазарното поврзување, што ќе придонесе за климатско усогласување и зајакнување на енергетската безбедност во регионот. Министерката ги презентираше постигнувањата на Македонија, меѓу кои и назначувањето на МЕМО за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (NEMO) во јуни 2025 година, како и напредокот во усвојувањето на законодавството и соработката со ACER, ENTSO-E и регионалните партнери.

Покрај пазарната интеграција, на Советот се разговараше и за еколошките реформи и климатските цели. Министерката нагласи дека Македонија, со поддршка од Енергетската заедница, активно работи на имплементација на европските директиви за процена на влијанието врз животната средина, квалитетот на воздухот, контрола на емисиите од големи постројки за согорување, како и стратешко еколошко планирање. Овие мерки придонесуваат за почиста животна средина, поздрави заедници и долгорочна енергетска стабилност.

РЕКЛАМА

Одбележувањето на 20-годишнината на Енергетската заедница беше и можност да се оддаде признание на досегашните успеси и да се потврди заложбата за понатамошна соработка. Министерката Божиновска изрази благодарност за клучната улога на Енергетската заедница во поддршката на реформите и интеграцијата на Македонија кон европските стандарди, нагласувајќи ја важноста на заедничките напори за постигнување на целите за декарбонизација и климатска неутралност. Македонија останува цврсто посветена на визијата за енергетски интегрирана и одржлива Европа.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
WordPress Ads