Најголемата соларна електрана во Обединетото Кралство официјално пуштена во употреба

Лондон, 7 јули 2025 – Обединетото Кралство доби нов енергетски гигант во обновливи извори – соларниот парк Cleve Hill со инсталиран капацитет од 373 мегавати (MW) е сега целосно оперативен и веќе извезува 100% од својата енергија во националната електрична мрежа, објавиja од Quinbrook Infrastructure Partners, главни изведувачи на проектот,

Сместен во Кент, Cleve Hill е четири пати поголем од кој било друг оперативен соларен проект во Обединетото Кралство. Иако батерискиот систем за складирање на енергија (150 MW / 300 MWh), кој е ко-лоциран со соларната електрана, сè уште е во изградба, проектот веќе ја поставува основата за иднината на комбинираното производство и складирање на електрична енергија.

Овој пионерски проект ја доби првата дозвола за соларна и батериска електрана преку процесот за Национални значајни инфраструктурни проекти во Велика Британија уште во 2020 година. Во 2022 година, Cleve Hill освои и најголема награда за соларен проект во четвртата рунда на владиниот Contracts for Difference (CfD) механизам, кој нуди долгорочни договори за стабилни приходи.

Реклама

Во есента 2024 година, Quinbrook потпиша најголем договор за купопродажба на електрична енергија (PPA) во историјата на Обединетото Кралство со малопродажниот синџир Tesco, кој ќе откупува 65% од произведената енергија. За преостанатите 35%, склучен е договор на десет години со Shell Energy Europe, која ќе ја тргува електричната енергија согласно CfD механизмот.

Финансиската поддршка за проектот вклучува кредит од 218,5 милиони фунти и дополнителни 20 милиони фунти за даночна поддршка (VAT facility), обезбедени преку Lloyds и NatWest – што го прави најголемото финансирање за соларен и батериски проект досега во Велика Британија.

Проектот првично беше развиван како заеднички потфат на Wirsol и Hive Energy, пред Quinbrook да го преземе целосно во 2021 година. Изградбата започна на почетокот на 2023 година.

„Ова е значајно техничко, градежно и финансиско достигнување за нашите тимови, партнери и инвеститори,“ изјави Кит Гејнс, директор на Quinbrook и регионален лидер за Обединетото Кралство.

Со пуштањето во работа на Cleve Hill, Велика Британија прави голем чекор напред во енергетската транзиција и го потврдува својот ангажман за зголемување на учеството на обновливите извори во националниот енергетски микс.

Извор: Pv-magazine.com

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement