MEMO: Податоци за количните на електрична енергија, мај 2025

Скопје. 01. јули 2025 – Во мај 2025 година, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, за задоволување на севкупната потрошувачка на електрична енергија во државата, без загубите, поточно нето-потрошувачката, продадена е електрична енергија од 413 GWh.

На пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 417 GWh, од кои ЕСМ со 201 GWh учествува со најголем процент од 48.2%, а потоа следуваат виртуелни производители со 107 GWh или 25.6%, независните производители со 57 GWh, односно 13.7% и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 52 GWh, односно 12.5%.

Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето- потрошувачката изнесува 100%.

Реклама

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement