МЕМО: Обновливите извори обезбедија 12,67% од вкупната електрична енергија во мај

Скопје. 9 Јуни 2025 – Повластените производители на електрична енергија од обновливи извори во Северна Македонија во мај 2025 година произвеле вкупно 49.058 мегават-часови (MWh) електрична енергија, покажуваат податоците на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО.

Најголем удел во производството имаат малите хидроцентрали, кои со 92 објекти произвеле 27.976 MWh. Следуваат две ветерни електрани со 16.129 MWh, 79 фотоволтаични електрани со 1.741 MWh, и пет термоелектрани на биогас и биомаса со 3.212 MWh.

Учеството на оваа зелена енергија во вкупното производство на електрична енергија во земјата изнесува 12,67%, што претставува значаен придонес кон енергетската транзиција и одржливиот развој.

Реклама

Вкупната инсталирана моќност на повластените производители изнесува 177,842 MW, а МЕМО останува клучна институција како балансно одговорна страна за поддршка на овие производители преку користење на повластени тарифи.

Тип на електранаБрој на електраниПроизводство (MWh)Удел во вкупното производство (%)
Мали хидроцентрали9227.97657,02%
Ветерни електрани216.12932,88%
Фотоволтаични електрани (соларни)791.7413,55%
Термоелектрани на биогас и биомаса53.2126,55%
Вкупно17849.058100%

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement