ИЕА: Биогасот може да задоволи четвртина од светската побарувачка за природен гас

Париз. 29 Мај 2025 – Биогасот и биометанот, иако имаат голем потенцијал, сè уште играат ограничена улога во глобалниот енергетски систем, стои во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), под наслов Outlook for Biogases and Biomethane.

Во извештајот се нагласува дека повеќе од 50 нови политики за поддршка на биогасот се воведени од 2020 година наваму, додека многу земји почнуваат да ги препознаваат придобивките од овие нискоемисиски, локално произведени горива кои потекнуваат од органски отпад. Биогасот може директно да се користи за загревање на домаќинствата и индустријата, како и за производство на електрична енергија, додека биометанот, неговата пречистена верзија, претставува ефикасна замена за природниот гас без потреба од измена на постоечката инфраструктура.

ИЕА истакнува дека технологиите и синџирите за снабдување потребни за производство на биогас се веќе добро познати и добиваат високи оценки според критериумите за енергетска безбедност. Дополнително, производството на биогас се одвива во близина на местата на потрошувачка, суровините главно се обезбедуваат локално, а сето тоа може да доведе и до отворање нови работни места и економски развој во руралните подрачја.

Реклама

ИЕА спроведе прво вакво просторно истражување на глобално ниво, анализирајќи повеќе од 5 милиони локации ширум светот. Резултатите покажуваат дека производството на биогас од одржливи суровини може да достигне речиси еден билион кубни метри годишно, што претставува четвртина од денешната светска побарувачка за природен гас.

Сепак, и покрај големиот потенцијал, биогасот и биометанот сè уште имаат маргинална застапеност во глобалната енергетска понуда. Помалку од 5% од достапните одржливи органски суровини моментално се користат за нивно производство, иако човештвото годишно создава милијарди тони отпад.

„Ова извештај и неговата иновативна анализа јасно покажуваат дека биогасот и биометанот можат да имаат многу поголема улога во глобалниот енергетски систем, особено во време кога енергетската безбедност и локалното производство се приоритет за многу влади“, изјави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.

Тој додаде дека потенцијалот е особено голем во економиите во развој, каде се наоѓаат околу 80% од суровините што може одржливо да се искористат за производство на биогас.

Но и покрај ова, бројни регулаторни и економски пречки го успоруваат поширокото воведување на овие технологии. Развојот на еден биогас-проект во просек трае од две до пет години, а во некои случаи и до седум години само за добивање дозволи. Иако технологиите се веќе достапни, цената за производство на биометан останува повисока од онаа за природен гас на многу пазари.

ИЕА ги повикува носителите на политики да преземат дополнителни чекори со цел максимално искористување на овој вреден и одржлив енергетски ресурс.

Извор: ИЕА

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement