Љубљана. 05 Мај 2025 – Словенија го зголеми буџетот за заеднички проекти за обновлива енергија на 31,2 милиони евра за периодот 2025–2027 година, речиси двојно повеќе од првично планираните 16,1 милион евра. Одлуката е донесена поради големиот интерес за изградба на заеднички соларни системи од страна на граѓани и здруженија.
Средствата се обезбедени преку европската Кохезиска политика 2021–2027 и се наменети за развој на фотонапонски системи кои ќе бидат во сопственост и користење на заедници, првенствено домаќинства. За да се добие грант, најмалку 80% од учесниците во проектот мора да бидат физички лица, а системот да има најмалку 100 киловати инсталиран капацитет.
Поддршката е поделена во две категории: системи од 100 до 300 kW и оние над 300 kW. За соларните панели се покриваат до 45% од трошоците, додека за системи за складирање енергија (батерии), до 30%. Вредносните лимити се поставени на 350 евра по киловат за панели и 225 евра по киловат-час за батерии.
Од вкупниот буџет, 12,2 милиони евра се предвидени за фотоволтаични системи, а 19 милиони евра за складишта на енергија. Аплицирањето започнува денес, со уште два повика до крајот на годината, на 8 септември и 8 декември.
Овој потег се гледа како силен сигнал дека Словенија сака да ја забрза енергетската транзиција и да го поттикне учеството на граѓаните во производството на чиста енергија.
Извор: CEEenergynews.com