Ѓедовиќ: Србија чекори кон 45% зелена енергија до 2030

Белград. 04 мај 2025 – Електропривреда Србије (EPS) годинава ќе внесе нови 76 мегавати од обновливи извори на енергија, со што ќе го зајакне својот удел во енергетската транзиција, изјави министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Проектите, кои опфаќаат ветерен парк и соларна електрана, се очекува да бидат приклучени на мрежата до крајот на годината.

Во изјава за српската агенција Танјуг, министерката нагласи дека EPS има амбициозна цел – до 2030 година речиси половина од енергијата во Србија да доаѓа од зелени извори. „Тоа значи континуирани инвестиции во нови капацитети, а оваа година бележиме важна пресвртница“, рече Ѓедовиќ Хандановиќ.

На просторот на поранешните површински копови и депонии во Костолац се градат ветерниот парк „Костолац“ со моќност од 66 MW и соларната електрана „Петка“ со моќност од 9,75 MW. Генералниот директор на EPS, Душан Живковиќ, објасни дека ова е „иновативен пример за трансформација на исцрпени индустриски подрачја во извори на чиста енергија“.

Advertisement

Соларната електрана се протега на 15 хектари и ќе произведува 13,7 GWh годишно, додека ветерниот парк ќе обезбедува 187 GWh електрична енергија, доволна за околу 30.000 домаќинства.

Инвестициите се овозможени преку 110 милиони евра кредит од германската банка KfW, дополнети со 30 милиони евра грант од Европската Унија преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

Извор: Танјуг

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement