Регионална енергетска безбедност: Македонија и Грција на чекор поблиску со интерконекторот

Атина/Скопје. 30 април 2025 Во следните десет дена ќе биде потпишан договор со македонска компанија за изградба на македонскиот дел од гасниот интерконектор со Грција, најави министерката за енергетика Сања Божиновска, во изјава за МИА. Договорот се очекува да биде потпишан до 10 мај во Скопје, откако претходниот тендер беше неуспешен, но новиот резултираше со 12 милиони евра пониска цена.

Министерката Божиновска и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски, кои изминативе два дена учествуваа на Балканскиот енергетски форум во Атина, меѓу остатанатото, говореа за регионалната енергетска безбедност и билатералните проекти со Грција. Според Божиновска, изградбата на интерконекторот е гасна инвестиција што ќе ја финансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Изведбата на проектот на македонска страна ќе трае 22 месеца, додека пак на грчка страна компанијата „Терна“ веќе започна со подготвителни работи.

Според Божиновска, целта е Македонија да стане транзитна земја за Централна и Источна Европа бидејќи постои и интерес за интерконекција со Србија, каде остануваат уште 26 километри за поврзување

Advertisement

Министерката посочи и дека се работи на пазарно спојување (маркет каплинг) со Грција, што е услов за ослободување од CBAM регулативата – механизам за надомест за прекугранични емисии на јаглерод. За тоа е потребно да се усвои новиот Закон за енергетика, кој веќе е во собраниска процедура.

Соработката со Грција ќе се проширува и на ниво на регулаторни тела. Бислимоски откри дека македонското искуство со тарифи за водни услуги ќе биде пренесено на грчкиот регулатор, кој неодамна доби нови ингеренции. Дополнително, се продлабочува соработката со албанските и косовските регулатори во рамки на регионалната иницијатива за електроенергетско поврзување.

Енергетика 24

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement