Цената на нафтата паѓа поради стравувањата од трговската војна меѓу САД и Кина

Лондон. 29 април 2025 – Цените на нафтата на сфетските берзи паднаа денес до, речиси, двонеделното најниско ниво, како резултат на загриженоста околу глобалната побарувачка предизвикана од влошените трговски односи помеѓу САД и Кина.

Суровата нафта Брент се намали за 1,9% на 64,59 долари за барел, додека американскиот WTI падна за 1,7% на 60,98 долари.

Аналитичарите предупредуваат дека продолжената трговска војна може да ја ослабне глобалната економија и побарувачката за енергенси. Според Saxo Bank, пазарот се соочува со натамошен притисок, бидејќи ниската побарувачка ќе бара нова рамнотежа преку намалено производство, особено од производители со високи трошоци.

Advertisement

Исто така, банката Barclays ја намали својата прогноза за цената на Брент за 2025 година на 70 долари поради трговските тензии и промените во производствената стратегија на ОПЕК+.

Дополнително, очекувањата се дека ОПЕК+ повторно ќе го зголеми производството во јуни, што би можело дополнително да влијае врз цените. Во меѓувреме, Казахстан го зголеми својот извоз на нафта за 7% во првите три месеци од 2025 година, достигнувајќи 1,63 милиони барели дневно.

Извор: Ројтерс

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement