МЕРМС: Енергетскиот систем под постојан надзор – Клучните институции во координирана акција

Скопје. 24 април 2025 – На денешниот состанок на ресорската група за енергетика, одржан во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, беа анализирани состојбите со снабдувањето со електрична енергија и активностите на клучните чинители во секторот. Групата, составена од АД ЕСМ, МЕМО, МЕПСО, Регулаторната комисија за енергетика и други релевантни партнери, е формирана по иницијатива на министерката Сања Божиновска со цел да обезбеди континуирана координација и брз одговор на потенцијални ризици во енергетскиот систем.

Фокусот на состанокот беше анализата на потрошувачката за време на изминатите празници и подготвеноста на системот за претстојните првомајски празници. Заклучено е дека мрежата успешно го издржала зголемениот притисок без значителни нарушувања, а сите капацитети остануваат подготвени за наредниот период.

АД ЕСМ истакна дека водостојот, кој лани беше на критични 11%, сега е стабилизиран над 30% благодарение на одговорното и штедливо управување со ресурсите. „Домаќинскиот пристап“ на компанијата, како што беше нагласено, веќе дава позитивни резултати.

Advertisement

Разгледани беа и тековните енергетски проекти, нивниот напредок и предизвиците со кои се соочуваат. Дел од проектите се одвиваат според планираната динамика, додека за други се преземаат мерки за надминување на застоите. Во дискусијата беа опфатени и идните инвестиции за зајакнување на сигурноста и отпорноста на електроенергетската мрежа.

Според министерката Божиновска, ваквата редовна координација е суштинска:

„Секоја проценка, секоја анализа и секој чекор што го правиме има една цел – стабилно и безбедно снабдување за граѓаните и стопанството. Континуираниот дијалог меѓу институциите е гаранција дека навреме ќе ги адресираме сите можни ризици.“

Ресорската група ќе продолжи со редовни состаноци и транспарентно информирање на јавноста, промовирајќи професионален пристап во управувањето со националниот енергетски систем.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement