Божиновска: Македонија и Чешка ги зајакнуваат енергетските и технолошките мостови за иновативна иднина

Скопје. 23 април 2025 – Технолошкиот напредок е мотор на иднината, а меѓународните партнерства се катализатор за неговиот успех. Енергетско-технолошкиот форум, организиран од Амбасадата на Чешка во Скопје, го потврди токму тоа, обединувајќи лидери, експерти и визии за одржлив развој.

На настанот присуствуваа вицепремиерот Изет Меџити, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва. Форумот послужи како динамична платформа за размена на идеи и поставување темели за нови соработки меѓу Македонија и Чешка во областа на енергетиката, технологијата и економијата. Клучни теми беа зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.

„Дадовме силна поддршка за нови партнерства меѓу институциите, бизнис-секторот и експертите од двете земји. Чешка денес има модерни електрани, експерти што може да ни помогнат – Од енергија до дигитализација – имаме многу што да споделиме, но уште повеќе што да изградиме заедно“,  нагласи Божиновска.

Advertisement

Форумот вклучи презентации на чешки компании, лидери во рударството, енергетиката и машинската индустрија, со фокус на решенија за обновлива енергија, дигитална контрола на индустриски системи и напредна опрема за производство и обработка на суровини.

Организиран со поддршка на чешките министерства за надворешни работи и за индустрија и трговија, како и здружението Czech Extraction and Mining Technology, форумот ја истакна важноста на координирани идеи и ресурси.

„Само преку заедничка визија и соработка можеме да ги надминеме енергетските предизвици и да чекориме кон технолошки напредок“, заклучија учесниците, потврдувајќи ја посветеноста на двете земји за иновативна и одржлива иднина.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement