Работен состанок на министерката Божиновска во Прага

Чешка е подготвена да поддржи големи инвестиции во македонската енергетика

Прага, 11 март 2025 – Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

Разговорите беа фокусирани на конкретни инвестиции во македонскиот енергетски сектор, модернизација на капацитетите на АД ЕСМ и можностите за финансирање на капитални проекти од страна на чешката влада.
Министерката Божиновска истакна дека македонската влада е посветена на
стратешко партнерство со Чешка и на реализација на проекти што ќе ја
забрзаат транзицијата кон одржлива енергетика.

“Во Чешка имаме стабилен партнер кој не само што има интерес, туку и конкретна подготвеност да поддржи инвестиции во македонскиот енергетски сектор. Разговаравме за директни вложувања, како и за можности за поволно финансирање на големи инфраструктурни проекти со чешки компании. Модернизацијата на капацитетите на АД ЕСМ е еден од приоритетите, а токму во овој сегмент чешките компании имаат сериозен капацитет и експертиза.” – изјави министерката Божиновска.

Advertisement

Од чешка страна беше истакната подготвеноста за долгорочна поддршка, не само преку инвестиции, туку и преку финансиски инструменти што ќе обезбедат поволни услови за реализација на проектите. Директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, потенцираше дека Чешка гледа конкретни можности за стратешка соработка.

“Чешката влада е подготвена да поддржи македонски енергетски проекти
преку инвестиции и поволни финансиски механизми. Особено сме заинтересирани за соработка во делот на модернизацијата на енергетските капацитети и имплементацијата на нови технологии кои ќе придонесат за стабилност и одржливост.” – изјави Мурицки.

Директорот за финансии на АД ЕСМ, Иван Стојановски, нагласи дека новиот
инвестициски циклус во обновливи извори е клучен за забрзување на зелената енергетска трансформација.

“За нас е исклучително важно да обезбедиме соработка со искусни партнери како Чешка, кои можат да помогнат во имплементацијата на одржливи технологии и да овозможат стабилни финансиски услови за нашите инвестиции.” – рече Стојановски.

Состанокот во Прага отвори конкретни можности за продлабочување на
енергетската соработка меѓу Македонија и Чешка, со акцент на инвестициските механизми што ќе го поттикнат развојот на енергетските капацитети и зелената транзиција.

Извор: Министерство за енергетика, рударство и минерални ресурси

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил

Со кликање на „Претплати се“, потврдувате дека сте ги прочитале и се согласувате со нашатаПолитика за приватност иУслови за употреба
Advertisement