МЕМО: Октомври со просечна берзанска цена од 224,74 евра/MWh

На Македонската берза на електрична енергија, со која управува Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во октомври биле истргувани вкупно 186.900 MWh електрична енергија на пазарот ден однапред, по просечна цена од 224,74 евра за MWh, покажува месечниот извештај на операторот.

Во споредба со септември, кога биле истргувани 179.200,4 MWh по просечна цена од 150,49 евра/MWh, октомврискиот обем на тргување е зголемен за 4,3%, додека просечната цена бележи раст од околу 49,3%. Така, покрај зголемената активност на пазарот, октомври се издвојува и по значително повисоката цена на електричната енергија.

Просечната дневна тргувана количина во октомври изнесувала 6.029 MWh, наспроти 5.973,3 MWh во септември. Во часовите на дневниот пик, од 9 до 20 часот, просечно биле истргувани 3.528,5 MWh дневно, по просечна цена од 210,9 евра/MWh.

РЕКЛАМА

Податоците за октомври покажуваат дека растот на цените бил значително поизразен од растот на тргуваните количини на организираниот пазар ден однапред.

Извор: МЕМО

Сподели:

Добивај ги најважните вести на е-маил